Тешка сообраќајна несреќа се случило утрово во центарот на Белград.
Две лица загинаа, а осум се повредени во несреќата што се случила на аголот на улиците Немања и Кнез Милош во Белград, соопшти српското Министерство за внатрешни работи.
Според првите информации, загинал совозачот во автомобилот марка БМВ, млад човек на 20-годишна возраст и девојка стара околу 20 години, која исто така била патничка во БМВ. Се дознава дека таа им подлегнала на повредите во болницата.
Како што постои сомнение, до сообраќајната несреќа дошло кога возачот на автомобилот БМВ поминал на црвено светло на семафор и се судрил со комбе, наведува МВР. За да ги извадат жртвите од возилата пред Владата на Србија пожарникарите морале да ги сечат автомобилите кои учествувале во несреќата. Од силината на ударот не постоела можност на друг начин да се извади едно од повредените лица.
Во Ургентниот центар примени се 8 повредени лица.
Автомобилот од марката БМВ после судирот се удрил и во зградата на Владата на Србија, додека комбето се нашло на тротоарот пред Владата.
фото: Курир.рс