Поранешниот рагби репрезентативец на Австралија, Роуан Бакстер и децата, на возраст од три, четири и шест години, биле пронајдени мртви во автомобилот во австралискиот град Бризбејн. Сопругата Хана Бакстер, на возраст од 31 година, починала подоцна во болница од огромни изгореници. Таа, наводно, скокнала од автомобилот викајќи: „Тој ми истури бензин“.
Трагичниот настан се случил во близина на кампот Хил, во источниот дел на градот.
“Тоа е ужасна сцена. Многу е рано во истрагата, но возилото беше целосно во пламен кога пристигна полицијата – им рекол на новинарите детективот Марк Томпсон.
Полицијата за прв пат била повикана на местото на настанот во 08:30 по локално време.
Роуан Бакстер бил на совозачкото седиште, а Хана Бакстер го возела автомобилот, соопшти полицијата.
Се верува дека Рован Бакстер(42) наполнил шише со бензин на локалната пумпа, пред да ја земе со автомобил сопругата и децата, ги полеал со бензин внатре и ги запалил.
Ианаку, “двојката“ која и двајцата бил фитнес тренери, неодамна се развеле.