Најмалку 11 загинати, над 30 повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи утринава во Хрватска. Како што пренесуваат хрватските медиуми, автобус со полски регистерски таблички во 5:40 часот излетал од автопатот А4 во правец кон Загреб.
Несреќата се случила меѓу Јарек Бишашки и Подворец.
Засега нема официјални информации за причините за оваа несреќа, ниту за околностите во кои се случила, но неофицијално, возачот најверојатно заспал на воланот.
Полицијата е на местото на настанот и врши увид, а на локацијата се повикани екипи на итната помош и пожарникари кои помагаат во спасувањето на настраданите.