Во близина на градот Калуга , 200 километри од Москва, се преврте патнички автобус кој превезувал деца. Во несреќата најмалку седум лица загинаа, меѓу кои и четири деца, соопшти регионалниот одсек на Министерството за внатрешни работи во Русија.
Во автобусот имало 48 патници, од кои 33 биле деца. Автобусот ги носел децата на турнир во Калуга.