СТРАШНА НЕСРЕЌА ВО БРАЗИЛ: Влегол во море да се измоча, ајкула му откинала рака и дел од ногата

by Тони Зографски

Марсел Роха Сантос настрадал во напад на ајкула во Бразил откако влегол во море да се олесни.

Ајкулата на Сантос (51) му ја откинала едната рака и дел од ногата на плажата Жаобоату дос Гуарарапес. Откако шокираните минувачи го пронашле како лежи на плажата без рака и дел од ногата, Сантос бил пренесен во блиската болница каде е прогласен за мртов.

Очевидец им изјавила на новинарите, дека Сантос на плажата пиел со друштво, а во еден момент влегол до пола во морето за да се измоча. Тогаш виделе крв во водата.

Не е познато која врста на ајкула го нападнала, но научниците проценуваат дека се работи или за бик или за тигар ајкула.

Инаку, несреќата се случила на плажа на која досега биле пријавени дури 12 напади од ајкула.

 

останати вести

Comments are closed.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com