Полицијата од Лос Анџелес извлекла пилот од урнат авион “цесна” неколку секунди пред леталото да го удри воз.
Драматичната снимка прикажува неколку полицајци како ослободуваат човек од паднат авион, кој се урнал кратко по полетувањето во населбата Пакоима, пренесуваат локалните медиуми.
Полицајците и пилотот биле оддалечени само неколку метри од пругата кога минал возот кој го уништил авионот, пренесува “Reuters”.
“Авионот имало неуспешно полетување и слетал на железничките шини на популарна раскрсница”, рекол Луис Хименес, 21-годишен композитор кој го снимал видеото.
“Само неколку секунди пред ударот, полицајците го спасија пилотот, а едно парче од авионот за малку ќе ме удреше”, навел тој.
Пилотот има модринки и исекотини и е во стабилна состојба, пренесуваат локалните медиуми.
Во возот никој не бил повреден.
Полицијата на Лос Анџелес на Твитер објавила видео снимка, на која се гледаат полицајци како од авионот го извлекуваат пилотот кој крвари.
Foothill Division Officers displayed heroism and quick action by saving the life of a pilot who made an emergency landing on the railroad tracks at San Fernando Rd. and Osborne St., just before an oncoming train collided with the aircraft. pic.twitter.com/DDxtGGIIMo
— LAPD HQ (@LAPDHQ) January 10, 2022