Во текот на една емисија холивудската звезда Кијану Ривс го отвори срцето.
Прво, кога имал три години го напуштил татко му, а во тоа време тој боледувал од дислекција. Во 1993 годна неговиот најдобар пријател Ривер Феникс се предозирал до смрт, што Кијану многу тешко го поднел.
– Беше одличен тип и уште подобар глумец. Одлично се дружевме, и многу ми недостасува. – изјавил тогаш Ривс.
Во 1998 година на глумецот му се случи нова трагедија, кога во осмиот месец од бременоста неговата тогашна девојка го загуби детето. Набргу тие прекинале, а по година и пол таа загинала во автомобилска несреќа.
Актерот е исто така законски старател на својата сестра која боледува од леукемија. Тој често донира големи суми во разните хуманитарни организации кои се борат против оваа тешка болест.