Страшен пожар го зафати атарот на село Саса. Жителите на село Саса се евакуираат пред огнената стихија, Според објавеното луѓето земаат се што можат и бегаат.
Македонска Каменица се мобилизира со сите расположливи средства за гаснење на големиот пожар кој ги зафати домовите на жителите од маало Аџии и Траканица, како вонредна вест објави порталот Каменица.мк.
Побарана е помош од сите центри и координативни тела за управување на кризи на регионално и национално ниво, а екипи се на терен и во текот на ноќта.
Според информации од терен, се евакуираат луѓето кои живеат во близина на маалата Траканица и Аџиите. Ангажирани се голем број на човечки и технички ресурси како од Македонска Каменица така и соседните градови. Се поизвесно е дека ќе биде потребна интервенција од авионско гаснење.