СТРАШЕН НАПАД: Ја силувал и запалил, но преживеала и на неверојатен начин го убила

by Тони Зографски

Една Индијка која е силувана, посипана со гориво и запалена, успеела да го преживее нападот и да го убие својот напаѓач откако го повлекла во пламенот – објави полицијата.

Жената (35) има изгореници на лицето и рацете, а мажот починал во болница.

Оваа вдовица и раскажала на полицијата дека напаѓачот ја силувал во нејзиниот стан во Калкута.

– Потоа ја испрскал со керози и ја запалил, – изјавил еден од полицајците, цитирајќи ја жената.

Во последниве неколку години зголемен е процентот на силувања и убиства на жени во Индија.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com