СТРАШЕН ГАФ НА ТРАМП: Го пофали за добриот англиски јазик претседателот на земјата чиј официјален јазик е англискиот (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Претседателот на САД Доналд Трамп покажа незнаење пред претседателот на Либерија Џозеф Боакаи за време на неодамнешната средбата во Белата куќа.

Имено Трамп му го пофали англискиот јазик на либерискиот претседател кој на средбата се обрати на официјалниот јазик на земјата – англискиот.

Американските медиуми објавија дека Трамп бил видно изненаден од говорењето англиски на либерискиот претседател Боакаи и го пофалил.

Трамп му кажа дека зборува „толку добар англиски“ и праша: „Каде научи да зборуваш толку убаво?“

Боакаи се насмеа и одговори дека научил во Либерија. Американскиот претседател рече дека тоа било „прекрасен англиски.“

-На оваа маса имам луѓе кои не можат ни приближно толку добро да зборуваат – рече Трамп.

Либерискиот претседател од учтивност не му кажа на Трамп дека англискиот е официјален јазик на Либерија.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com