Најмалку 17 лица се повредени, од кои повеќето лесни повреди, во силна експлозија што потресе четирикатница која се реновира во центарот на Мадрид, соопштија шпанските власти, а спасувачките тимови трагаат по луѓе кои се потенцијално заробени во урнатините, пишува Ројтерс.
Четири лица се пренесени во болница, од кои едно е во тешка состојба, изјави градоначалникот на Мадрид, Хозе Луис Мартинез-Алмеида, додавајќи дека причината се уште не е јасна. „Се правеа некакви работи во зградата“ во луксузната населба Саламанка каде што се случи експлозијата, рече тој.
„Пожарникарите се внатре и ја проверуваат структурата на зградата и да утврдат дали може да има повеќе луѓе“, изјави тој за ТВ канал Телемадрид.
Портпаролката на службата за итни случаи, Гема Мартин, рече дека училиштето спроти зградата не е оштетено и дека нема потреба да се евакуираат децата.
#BREAKING: Police and emergency services responding to reported explosion in central Madrid, Spainpic.twitter.com/VmbY2TNC9H
— I.E.N. (@BreakingIEN) May 6, 2022