Еден маж загина, а две жени и две деца се повредени во страотна сообраќајна несреќа што се случи денеска на автопатот Белград – Нови Сад.
Како што пренесуваат српските медиуми, загинатиот е хрватскиот државјанин М.А. (1966), кој управувал „Пежо“ со македонски регистарски таблички. Повредените жени и деца се државјани на Македонија.
Портпаролката на Брза помош во Нови Сад, д-р Николина Мариќ изјави дека еден постар маж го загубил животот на лице место, додека една постара жена е пренесена и во Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Војводина (КЦВ) во Нови Сад на реанимација.
Сообраќајната несреќа се случила околу 11:50 часот во близина на клучката Ковиљ кога Пежото се судрило со друг автомобил.
Пежото е уништено. Автомобилот излетал од автопатот во ливада, а наоколу останале расфрлани предмети.