-Од огромно значење е за пациентите кои се примени на клиниките да добијат психолошка помош. Во оваа борба со вирусот секаде е потребна здравствена помош за да бидеме достапни за да имаме поголем придонес кон пациентите, вели во Тв Анализа на 24 телевизија, доктор Васка Митева психијатар од Универзитетска Клиника за психијатрија која во моментов работи на Инфективната клиника и им помага на пациентите позитивни на ковид.
Таа вели дека има голем страв кај пациентите од вирусот.
-Кај пациентите може да се забележи страв која најчесто пременува во паника и затоа сме повеќе од добродојдени како и самата вознемиреност при приемот како и во борбата со вирусот, вели Митева.