Младата пејачка Стојне Николова деновиве го издаде и го промовираше својот прв албум ,,Мелем за душа“, со единаесет авторски песни за кои веќе се снимени и видео спотови. На албумот се поместени песни за сечиј вкус – од балади па се до оние со побрз ритам со етно и поп елементи.
,,Се надевам дека песните ќе бидат слушани со оглед на тоа што има песни за сечиј вкус кои внимателно ги одбиравме. Песните се на Бобан Мојсовски, Јане Рафаиловски, Борче Димиторв, Љупчо Павловски, Орце Зафировски, Љупче Василев и Филип Нуне и навистина мислам дека се мелем за секоја душа“, изјави Николова.
Пејачката која за кусо време успеа да остави печат на музичката сцена потенцира дека големо влијание за нејзиниот подем има колегата Бобан Мојсовски со кого постојано имаат гостувања низ градовите во државата а често заминуваат и меѓу нашинците во Европа каде одржуваат концерти.
И покрај се, додава Стојне, покрај сите работни обврски и патувања таа секогаш наоѓа време да биде меѓу своите во Струмица кои и даваат мотивација во нејзината кариера.