Бугарија издаваше пасоши на македонски граѓани со цел да содаде лажен впечаток за постоење бројно бугарско малцинство во Македонија и истото да го користи за да ја уценува Македонија, вели Стојко Стојков од ОМО Илиден Пирин, за Фактор.
„99 отсто од оние што зедоа бугарски пасоши не се Бугари, туку се луѓе што отидоа со овие пасоши да работат во Европа. Ако утре Македонија влезе во Европа, кој би побарал бугарски пасош? Поскоро луѓето ќе ги фрлат веќе земените. За жал Бугарија продолжува со планската антимакедонска политика, охрабрувана од пасивноста и попустливоста на македонските влади“, вели Стојков.
Инаку, во Бугарија се манипулира со бројка од 88.000 до 120 издаддени пасоши на македонски граѓани.