Капитенот на РК Вардар, Стојанче Стоилов е позитивен на коронавирис. Тој по вчерашниот тренинг се пожалил на омалаксаност, откако ситуацијата не се подобрила, веднаш направил тест, истиот покажал дека е позитивен.
Целиот тим на Вардар веднаш направи тестови, до вечер ќе биде позната состојбата со останатите играчи.
Од клубот веднаш ги известиле останатите екипи со кои спарингуваа.