Илјадници граѓани ги пречекаа вардарци на плоштадот во Скопје за заедно да ја прослават шампионската титула во Лигата на шампионите. Најеомотивно обраќање имаше капитенот Стојанче Стоилов.
„Ова ќе го кажам вторпат – скопски Вардар, европски првак. Овие позади мене се најголеми амбасадори на нашата држава, голем дел не се Македонци и еден ден ќе си отидат и ќе зборуваат си беше еднаш еден Вардар и една Македонија. Најубавиот дел од нивните кариери ќе им биде Вардар. Да живее Вардар, да живее Македонија“, рече Стојанче Стоилов од бината на плоштадот.
Интересно обраќање имаше и како што го нарекоа, единствениот Германец во светот кој сака да живее во Македонија Кристијан Дисингер.
„Ова е е..но добра ноќ која никогаш нема да ја заборавам. Ја сакам Македонија… Ве сакам сите“ – порача Дисингер.
На бината се качија и им се поклонија на ракометарите и коментаторите Сретен Рашковиќ и Стеван Стевановиќ, од „Арена Спорт“ телевизија, кои станаа вистински херои заедно со ракометарите на Вардар.