Стојанче Ангелов нa Фејсбук објави видео како жителите на Жировница бркаат мечки во селото, а под видеото Ангелов напиша:
„Вечерва низ тесните улички на селото Жировница… Проблемите и опасностите секогаш изгледаат поедноставно кога се гледаат од безбедна далечина на ТВ, лаптоп или мобилен телефон“, напиша Ангелов во описот на видеото, на кое се слуша како мештаните со викање се обидуваат да го оддалечат животното од селото.
Додека држава не успева да најде решение за проблемот, жителите кои живеат во овој дел, секојдневно мака мачат со дивите животни. Дека состојбата не е едноставна за Скопје Инфо сведочи и скопјанец кој има викенд куќа и често го посетува овој крај, тој вели дека граѓаните секојдневно бараат начин како да се справат со животните и апелира до државните институции што поскоро да изнајдат системско решение за овој проблем.
Инаку, кафеавата мечка во Македонија е забранета за лов и спаѓа во строго заштитен вид.