Се почнало пред 12 години како шега на седум мажи, а набрзо станало годишна прослава на лудост. Настанот го креирала групата „Improve Everywhere“ од Њујорк. Точниот датум се менува секоја година, а кој ден екипата без панталони ќе се шета низ подземното метро се дознава во декември.
Идејата која стои зад „Ден без панталони“ е прилично едноставна. Патниците влегуваат во метрото на различни станици без панталони насред зима. Освен тоа, се однесуваат нормално и сите носат зимска облека, јакни, капи, ракавици и шалови, а панталони немаат.
Како што додава британски „Metro“, сите жители на Лондон знаат дека, иако станува збор за „слободен стил“, постојат извесни непишани правила за учество. Меѓу правилата е да нема зјапање во други и да се избегнува контакт со очи. Исто така, проѕирна или провокативна долна облека како танга не е дозволена.
И подготовката на манифестацијата е специфична. Организаторот – „The Stiff Upper Lip Society“ секоја година ја чува рутата на возење во тајност.