Убавата војвотка од Сасекс, Меган Маркл со право ја носи титулата нова модна икона и секој нејзин чекор се внимание се следи од модните критичари. Иако пред неколку дена британските медиуми ја нападнаа за потрошените 4430.000 евра лани на облека, згодната Американка која во април за прв пат ќе стане мајка, покажа дека не и е страно и носењето на облека од поефтини брендови.
При посетата на прифатилиштето за животни “The Mayhew“, Меган беше облечена во беж стајлинг од глава до петици, во тесен плетен фустан на шведскиот моден гигант “H&M“, кој го нагласува стомачето на убавата трудница и е наменет за идните мајки.