Лајонел Гуеџ (42) и неговиот татко Жан-Клод Карно (71) од Марсеј се прогласени за виновни за лекарска грешка.
Синот доби осум години затвор, а неговиот татко пет, пренесува Ла телеграм.
Тие беа прогласени за виновни затоа што со години ги обезличувале пациентите, ваделе здрави заби и ставале протези иако немало причина за тоа.
Тие во судот се појавија со маски, а откако судијата ја прочита пресудата, во судницата имаше аплауз.
Имаше многу пациенти на овие двајца поранешни стоматолози.
– Никогаш не треба да бидеме среќни затоа што некој оди во затвор – рече судијата.
Татко и син стоматолози во текот на шест години ги уништиле животите на стотици пациенти.
Како што докажа обвинителството, Лајонел Гуеџ извадил или лекувал речиси 4.000 здрави заби и поставил 28 пати повеќе протези од просечен француски стоматолог,пренесе Телеграф.рс.