Нешто слично како и Новак Ѓоковиќ кој пред три дена со еден пријател со кујнски тави играа тенис во станот во Марбеља, и Рафаел Надал паузата поради епидемијата на коронавирусот ја искорсти да одигра една партија тенис со неговата сестра Марибел Надал.
Тие во дворот на куќата во Мајорка од градинарски столчиња направија мрежа, а потоа се забавуваа со мини тенис.
Инаку, и оваа можност шпанскиот тенисер ја искористи да апелира до сите да останат дома со цел да се спречи ширењето на опасната зараза.
Како што е и објавено од претходно, Надал заедно со кошаркарот Пау Гасол водат хуманитарна акција со цел да се соберат средства, донации во борбата против коронавирусот, а во истата се вклучи и првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ.
https://www.instagram.com/p/B-kVHe8olYQ/?utm_source=ig_web_button_share_sheet