Голманот на Македонската фудбалска репрезентација, кумановецот Столе Димитриевски доби мурал во својот роден град Куманово изработен од Младен Трендевски и Дејвид Стоилковски преку нивното уметничко здружение.
Македонскиот репрезентативен голман најавува максимална борбеност против Португалија.
“Наше е да излеземе на „Драгао” и да го дадеме најдоброто од себе. Ништо повеќе, ништо помалку. Овој меч е тоа што го посакувавме цел живот. Го заслуживме и ќе се бориме да го оствариме сонот. Нашиот и на цела Македонија“ вели Димитриевски и додава:
“Ќе биде исклучително тешко. Португалија е една од најсилните светски репрезентации. Имаат неверојатен индивидуален квалитет, покриени се на сите позиции и секако дека влегуваат како фаворити. Треба да го исполниме тоа што од нас го бара селекторот. Секој ја знае својата задача и мора да бидеме максимално фокусирани. Веруваме во себе и ќе излеземе со желба и мотив да испишеме историја за македонскиот фудбал“.