Ракометарите на Вардар ја добија за противник во 1/2 финалето на Лигата на шампионите екипата на Барселона од Шпанија. Овие два тима трет пат оваа сезона ќе се сретнат во меѓусебен дуел, овој пат во најважниот меч сезонава за пласман во големото финале. Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов ги истакна своите импресии за противникот.
„Немавме големи желби за противникот, сите три екипи се подеднакво тешки и знаеме дека на завршниот турнир нема фаворити. Можеби Барселона е главен кандидат за пехарот, така сите велат, два пати не победи и го освои првото место во групната фаза, но ние сме Вардар и не се плашиме од никого. Теренот е ист за сите, како за нас, така и за нив, ќе се обидеме да ги победиме и да се пласираме во финалето“, изјави капитенот на Вардар.