Стинг е меѓу првите кои му го честита на Вардар освојувањето на титулата европски ракометен шампион. Тој прво уште пред неколку дена го пролонгира денешниот концерт во Скопје поради вербата дека црвено-црните сигурно ќе играат во големото финале, а потоа, кога таму го победија Веспрем, доби дрес со негово име честитајќи им го големиот успех.
„Првата честитка за Вардар лично од Стинг и тоа од бекстејџот буквално една минута по завршувањето на финалето. Го чувавме дресот за крај“, напишаа од Авалон продукција, домаќинот и организаторот на концертот на Стинг во нашата земја.