Младата актерка Чарлби Дин ненадејно почина кон крајот на август, на 33-годишна возраст. Сега е позната причината за смртта.
Иако претходно имаше сомнежи дека причина за смртта е вакцинацијата против коронавирусот, нејзиниот брат Алекс Џејкоб за медиумите изјави дека тоа воопшто не е точно.
Магазинот People објави дека актерката починала од компликации по операција што ја имала пред 10 години. Дин учествувала во тешка сообраќајка во 2009 година, по што докторите ѝ ја отстраниле слезината. Во несреќата се здобила со скршени ребра.
Медицински истражител од Њујорк потврди дека причина за смртта е бактериска сепса настаната откако била заразена со бактерија позната како Capnocytophaga.
Иако оваа инфекција е ретка, постојат различни видови такви инфекции кои се развиваат во устата на луѓето и кои се присутни и во устата на животните. Особено се чувствителни луѓето без слезина и оние со автоимуни болести.
Аутопсијата на Дин не е јавно објавена.