Водителката Николина Пишек отпатува на Малдиви, од каде сега објави и фотографија на нејзиниот Инстаграм профил.
Николина посака во новата година да плаче но, само од убавина и од среќа.
„На сите ни треба понекогаш пауза. Од работа, излегување, обврски, грижи… од изложување. Требаше да резимирам, да се опкружам со моите, да се гушнеме и да плачеме ако е потребно, да се смееме и да го прославиме она што го имаме. Да се тргнам од сè, и да продолжам понатаму. Ова беше година на учење, големи падови, пресвртници, болка, разочарување. Година во која сфатив дека животот е подарок, а не привилегија, дека вистинските пријателства се реткст, осетив толку предавството и неправдата колку што можам да поднесам.
Не сакавме да свртиме нов лист, животот така не услови. И секое ново поглавје се отвора со причина… сакам да верувам дека сите луѓе кои свесно го напуштија мојот живот направија поквалитетен простор за другите… Оваа година сакам да плачам од убавина и среќа. И знам дека ќе го направам тоа. Веќе го правам тоа. Затоа што имам круг на најважните луѓе за мене“, напиша водителката на Инстаграм