Градоначалникот на општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевче Јакимовски во гостување во летното издание на „Click21“ на ТВ21 рече дека Македонија требала да стави вето за влез на Шведска и Финска во НАТО алијансата.
„Нашата надворешна политика се сведува единствено на понизност, на сервилност и како после тоа медиумски да се спакува за да што е можно побезболно по тој што е на власт се изигра народот и да се продолжи понатака, а позитивните ефекти што му се ветуваа на народот не можеме да ги видиме“, вели Јакимовски.
Тој вели дека имавме ветувања кога ќе влеземе во НАТО дека инвестициите на граница чекаат како атлетичарите на стартна позиција.
„Одговорно тврдам дека времето беше зрело за вето на Финска и на Шведска, а не вчера да излегуваат и да држат дека тоа ни биле пријателски земји, а ние што сме непријателска земја на Франција? Па пред две години ни го блокираше влезот во ЕУ“, изјави Јакимовски.