Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски на вонредна прес-коференција изјави дека е изненаден од потегот на Стејт Департментот да го стави него на црната листа, но тоа нема да го поколеба во изборната трка за претседател и вели дека ќе му биде уште поголем мотив.
Вели дека оваа одлука на Стејт департментот за да го стави него и неговите возрасни синови на црната листа е резултат на анкети, кои покажувале дека тој ќе влезе во вториот круг на претседателските избори и дека наводите за криминал во урбанизмот се неосновани, бидејжи се откажал од тие ингеренции.
Јакимовски рече дека не случајно токму денеска е објавена црната листа, кога ја поднел кандидатурата во ДИК и откако ги собрал потребните потписи.
„И Америка и Свети Америка, јас работам во интерес на граѓаните на Македонија“ , порача Јакимовски.
И екс специјалната јавна обвинителка од СЈО, Катица Јанева се најде на црната листа на САД.