Путин сака да ја покори цела Украина. Обидот да се дојде до руската граница и да се заокружи Русија е преопасна игра, на која Путин предупреди. Тој молеше Европа и Русија да бидат обединети против еден непријател, а тоа е тероризмот, вели градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски во емисијата „Студио 10“.
Според него, нападот во Украина може да има верижна реакција низ светот.
-Кина со Тајван, на Балканот српскиот свет, имате носач на НАТО во Јадранското море, може да биде гаѓан Белград и Бања Лука. Работата е сериозна, појаснува Јакимовски.
Тој додава дека во изминатиот период пред инвазијата починале 15.000 лица.
-Во Украина се отпуштени Руси и се убиваа лица. Кога ќе изберете претседател-комичар (Зеленски) ќе си доручкувате гранати. Наместо тој да седне и да се смират тензиите, тој обидува со закани. Додека Бајден и Џонсон дојдат со тенковите, отиде Украина, смета Јакимовски.