Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, во вчерашната епизода на Тешки муабети истакна дека Македонија би требала да стави вето за влез на Финска и Шведска во НАТО доколку не добие безусловен почеток на преговори за влез во ЕУ.
– Јас би играл обратно, наместо како Владата да поддржам членство на Шведска и Финска во НАТО, би ставил вето. Додека не добиеме датум за преговори нема влез на Финска и Шведска.
Ама за ова треба и власт и опозиција сите да се договорат и да кажат додека не добиеме безусловни преговори со ЕУ нема членство на Финска и Шведска во НАТО.
Ние така на сите им помагаме, а ништо не добиваме за возврат, Косово го признавме, дозволивме прелет на НАТО авиони за да се бомбардира Србија и не поставивме никаков услов.
А за ова треба Ковачевски да повика, да се согласат и власт и опозиција да стават вето во НАТО, истакна Јакимовски.