Најдобриот ракомет сега живее во Скопје. Радувајте се!, порачаа од бината коментаторите Сретен Рашковиќ и Стеван Стевановиќ, од „Арена Спорт“ телевизија, кои станаа херои заедно со ракометарите на Вардар, коментирајќи ги натпреварите на „црвено-црните“ оваа сезона во Лигата на шампионите.
Тие допатуваа од Келн заедно во вардаровата експедиција.
-Најдобриот ракомет сега живее во Скопје. Уживање беше да се следи Вардар оваа сезона. Ви благодариме за се. Скопје е повторно европска престолнина на ракометот. Радувајте се. Слави Македонијо! -, рекоа коментарите пред насобраната публика, поклонувајќи им се на ракометарите.