Весна Бејби Петрушевска згрозена од сметките кои и пристигнаа за струја во јануари и реагираше со видео објава на Фејсбук.
„ ЕВН онлајн како сте? Цо паите? Ние арни и во благо растројство. Убаи сметките“ порача Весна Бејбе која со јавноста сподели дека нејзините сметки се во висина од 14 и 18.000 денари.
“Слушам се жалите поради сметките за струја. Да ви кажам, мене едната ми е 14.000 денари, другата 18.000 денари. Знаете кога ќе им ги вадам јас сметките друг пат од вода? Кога јас ќе се фрлам во Вардар, па нека ме вадат ЕВН од таму. Стварно се ненормални. Човек не знае што да прави кога ќе ги види тие сметки. На крај мора да платиш. Рекетари едни“, вели Петрушевска.
Инаку, Весна Бејби пред неколку години и падна автомобилот во Вардар, па стана дел од рекламната кампања на ЕВН за плаќање на сметки онлајн.