Една од најубавите жени на светот, италијанската глумица Моника Белучи беше специјална гостинка на премиерата на документарниот филм „Devotion“, снимен за нејзините блиски пријатели – дизајнерите Доменико Долче и Стефано Габана.
На Филмскиот фестивал во Таормина, Сицилија, 55-годишната актерка се појави во бордо фустан и црна чантичка токму од Долче и Габана. Креацијата со чипка одлично ја истакна женствената фигура на Белучи.
Модните критичари и овој пат ја наградија со највисоки оценки.
“Многу софистицирано, во склад со нејзините години“, “Жените во 50-тите години дефинитивно инспирација во облекувањето треба да бараат во нејзините стајлинзи“, беа дел од коментарите.
Инаку, славните италијански креатори ја придружуваа сексапилната убавица на црвениот тепих.