Старица стоела со навивачите мислејќи дека тоа е ред за вакцина (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Необичната приказна доаѓа од Шпанија, каде една старица стоела во ред со часови чекајќи да се вакцинира, а наместо тоа тоа бил пункт за купување билети за натпреварот меѓу Картагена и Валенсија.
Грешката сосема случајно ја открил репортер кој снимашлприлог за еуфоријата меѓу навивачите на шпанскиот второлигаш кој го пречекале повеќекратниот шампион Валенсија.

Претпоставувам дека сте тука да купите билети за овој голем натпревар“, ја прашал репортерот старицата.
„Не, јас сум тука за вакцината против коронавирус“, рекла жената.

https://twitter.com/i/status/1477060901450756106

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com