Короноварисут во старачкиот дом “Ескулап“ во Ниш го донеле 100 Италијанци кој во првата половина на март учествувале на изложба на кучиња, а биле сместени во хотелот што го делел дворот со приватниот дом за стари.
“Првите симптоми во старачкиот дом се појавија 10-15 дена после изложбата на кучиња. Тие беа изолирана, но голема е веројатноста дека го имаат пренесено каја корисниците на домот. Ја следевме состојбата, инсистиравме сите да се тестираат и се покажа дека бевме во право – изјави српскиот министер за труд и социјала Зоран Ѓорѓевиќ.
Инаку, во домот беше потврден коронавирус кај пет вработени и 30 корисници.
Фото: С. Ѓорѓевиќ