Холивудската актерка Ен Хатавеј беше „фатена“ со нова боја на коса, а стана русокоса поради потребата на новата криминална драма во која глуми.
Хатавеј досега беше препознатлива по темната, густа коса, но сега направи вистинска трансформација.
Имено, за потребите на улогата во филмот „Elieen“, кој е базиран на дебитантскиот роман на Отесе Мошфег, актерката ја обои косата и изгледа прилично непрепознатливо.
Дејствието на книгата „Elieen“, која беше споредувана со „Gone Girl“, е сместена во раните шеесетти години и ја следи жената по име Ајлин Данлоп, која работи како секретарка во затвор за момчиња. Додека ја балансира својата исцрпувачка работа и се грижи за својот татко алкохоличар, таа „ги ублажува своите мрачни денови со изопачени фантазии и соништа за бегство во голем град“.
Последната забележана улога Хатавеј ја имаше во реализацијата на „The Witches“ во 2019 година, во режија на Роберт Земекис.