Докторот од Калифорнија Тими Ченг кој лекува пациенти со коронавирус, по смената е самоизолиран. Тој решил да живее во шатор за да го заштити своето семејство од потенцијална зараза. Ченг подигнал шатор во својата гаража, каде што спие секоја вечер по смените во болницата.
„Јас доброволно станав бездомник за да го заштитам моето семејство во случај да се заразам и да го донесам вирусот дома“, напиша Ченг на Фејсбук. Тој додаде дека спиел во својот автомобил една ноќ, а потоа четири ноќи во болницата, посочувајќи дека на петтиот ден неговата сопруга му предложила да живее во шатор во нивната гаража.
Тој се согласил со идејата, а неговата објава на Фејсбук стана вирална и ја споделија речиси 40.000 луѓе.
Ченг, кој не е сигурен колку недели или месеци ќе живее во шаторот, има и порака за другите:
„Можете да ми помогнете мене и на другите здравствени работници повеќе да не сме бездомници. Останете дома!“.