Поршето паркирано во Дебар маало не е на полицаец, туку е во сопственост на Срѓан Керим, ексминистер за надворешни работи, амбасадор на Македонија во Обединетите нации и во Германија, дознава „Скопје1“.
Тие го исконтактирале Керим кој изјавил преку СМС порака:
“Нема потреба од никакви коментари. Постапено е според позитивните прописи што важат во вакви случаи“.
Неговите иницијали се најдоа и во информацијата од МВР, од каде може да се заклучи дека тој го управувал возилото бидејќи стои: „на возачот на возилото С.К. издаден му е платен налог“.
“Во врска со видеото на социјалните мрежи на кое се гледа непрописно паркирано возило со скопски регистарски ознаки на територија на Дебар Маало во Скопје, Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека конкретниот настан се случил на 22.03.2025.
Имено, возилото е подигнато од страна на ПОЦ, а од страна на СВР Скопје преземени се мерки по член 63 став 6 од Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата и на возачот на возилото С.К. издаден му е платен налог. Исто така ве информираме дека предметното возилото не е на полициски службеник.
Во врска со постапувањето пак на полициските службеници при подигнувањето на возилото, веќе постапува Одделот за внатрешната контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР и по завршување на целокупната постапка соодветно ќе ја известиме јавноста.