Српскиот диџеј Игор Гарниер починал ненадејно синоќа на 31-годишна возраст на тренинг во Вашингтон. Талентираниот музичар од блоковите на Нов Белград кој живеел со години во Америка, само паднал во теретана како покосен, брзата помош набргу дошла, сепак, тој не бил спасен, како што потврди неговиот пријател за „Курир“.
Кога докторите пристигнале, тие можеле само да ја констатираат смртта. Според неофицијални информации, на младиот човек најверојатно му застанало срцето.
Игор Гарниер има неколку многу успешни албуми зад себе и неколку одлични настапи низ цела поранешна Југославија и Америка. Една од неговите најпопуларни песни е „Milka Canić“, кавер на песната „Барбра Стрејсенд“ од популарниот бенд „Duck Sause“.
Во неговиот приватен живот, диџејот бил во врска со Миња, ќерката на популарниот пејач Жељко Самарџиќ, повеќе од седум години. Игор работел и на нејзините песни, а се појавил и како модел во нејзиниот спот за песната „Budući moj“. Времето и местото на погребот ќе бидат објавени подоцна, а желбата на семејството била да биде погребан во Србија.