Организаторката на емисијата „Куќа од срце“, 47-годишната Јасмина Михајловиќ, вчера загина во тешката сообраќајна несреќа што се случила во селото Лаџевци, Србија, кога комбето во кое патувала се судрило со камион „сканија“. Во несреќата, која се случила утрото околу 11 часот, тешко повреден е и возачот на комбето.
„Куќа од срце“ е позната емисија која ги прикажува хуманитарните мисии на екипата која им помага на луѓе кои имаат потреба од помош. Тие целосно реновираат запуштени куќи и домови.
Во моментот, екипата работела на обновување на домот на семејството Ѓуровиќ, кое живее во многу тешки услови. Станува збор за болна самохрана мајка, која живее со двајцата синови, од кои едниот исто така има проблеми со здравјето. Дека на ова семејство му е потребна голема помош во продукцијата пријавила учителката на децата.
Во моментот на несреќата, Михајловиќ заедно со возачот оделе по материјалите за куќата.