Брачниот пар Драгана и Ненад Максимовиќ наместо да си “уживаат“ во државна работа, тие семејството го одржуваат од продажба на медењаци. Тие ја живеат својата семејна бајка, во куќа од бајките, заедно со своите две деца, 7-годишната Петра и 6-годишниот Тадија.
А се започнало со медењаците кои прво ги правеле за својата душа, а се тоа се претворило во фамилијарен бизниз.
– Двајцата сме креативни. Мојот сопруга беше технолошки вишок во челичарница и се одлучивме тој да ги “плеска“ медењаците а јас да ги шарам – вели Драгана за новости.рс.
Најинтересно е што оваа “двојка“ ангажирала луѓе да им направат продавница според ликот на Ивица и Марица.
– Кога започнавме со преадаптација на куќата, сите ни рекоа дека не сме нормални, – раскажува Драгана облечена како вештица што преставува најдобра реклама за нејзините медењаци.
А медењаците ги прават рачно, и секој е уникатен. Рецептот е од нивните баби.
– Ние сме и дизајнери, и пекари и директори и главни дегустатори. Нашите деца се најголеми дегустатори бидејќи и по пет години не им досадија медењаците – вели Ненад.
Инаку, порачки имаат до сите страни, за разни прослави, свадби, манифестација. Најголеме порачка им била 600 “големи куќи“ и 2.000 медењаци. Што се однесува до продавницата, имале понуда да ја преселат во центарот на Смедерево, но нив им е добро во приградието, а започнале и со онлајн продажба.
(Фото: новости.рс)