На социјалните мрежи осамна видео од грчкото летувалишта Паралија од десетици српски државјани како играат српско оро во водите на Егејското море.
На видеото се гледаат и двајца мажи кои стојат на средина, едниот држи раширено српско знаме, а другиот грчко, додека знамињата се врзани едно за друго во средината и се веат во ритамот на музиката.
Снимката трае десетина минути и на неа јасно се гледа дека на Србите не им пречи ниту публиката, ниту силното сонце, а како оваа сцена одекна на социјалните мрежи – следеа низа коментари.
„Браво, играчи само весело“, „Секоја чест, треба да играме влашко тркало во вода, а многумина на земја не знаат“, „Секој може да каже што сака. Секоја чест“, се само дел од пофалните коментарите, додека со од друга страна, имаше и такви на кои оваа сцена не им беше ниту пријатна, ниту за пофалба.
„Мислам дека Грците се крстат“, „А што ви е убаво овде? И што гледа светот?“.