Српски стилист уапсен за педофилија (ФОТО)

by Тони Зографски

Новосадската полиција го уапси стилистот и ди-џеј Срѓан Швеља поради сомнение за сексуално вознемирување и злоставување на малолетници. Швељо е упасен во Нови Сад каде што живее од 1994 година.

Блиц, јавува дека стилистот е уапсен по пријава на малолетници кои биле негови жртви.

-Децата раскажале во полиција дека кај Швеља доаѓале како модели. Тој ги соблекувал, облекувал и ги фотографирал – изјавил извор за Блиц.

Наводно се работи за деца од 12 до 14 година.

Инстаграм профилот на креаторот е преполн со фотографии на деца од различни возрасти. Речиси секоја фотографија има сексуална конотација, а неговите модели се на повеќе фотки голи.

Инаку, апсењето се случи по тврдењата на Игор Јуриќ, основач на “Фондацијата Тијана Јуриќ“ дека во Србија има влијателни и јавни личности кој сексуално малтретирале деца.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com