Невроимунологот Борис Шакиќ, професор на Универзитетот Мекмастер во Хамилтон, Канада, вели дека вакцината нема да го спречи појавувањето на симптоми, но ќе не заштити од завршувањето на респиратор и додаде дека кинеската вакцина е најдобра против новиот сој омикрон, бидејќи таа се прави на „класичен начин“.
– Секако, кога ќе се активира имунолошкиот систем, постојат многу механизми кои обезбедуваат отпорност на вирусот кои не се поврзани само со антителата. Постојат бели крвни зрнца наречени макрофаги кои можат да го убијат вирусот до одреден степен – изјави Шакиќ.
Според него, експертите веруваат дека омикрон може да избегне некои од овие механизми, како и оние антитела што ги создава делта варијантата, или некоја друга варијанта на вирусот.
– Сепак, факт е дека е премногу рано да се каже дека се целосно бескорисни. Научниците од Западот само веруваат дека одговорот на новиот вид само ќе се намали, но сосема доволно за човек да не заврши на респиратор во болница – истакна невроимунологот.
Д-р Шакиќ смета дека кинеската вакцина е најдобра во борбата со новиот сој омикрон. Тој вели дека кинеската вакцина се прави на класичен начин, убиениот вирус се инјектира, додека вакцините од Западот се направени само за да се прилагодат на сојот кој за жал најчесто мутира.
– Мислам дека вакцинацијата е сепак најдобрата алатка, најважно е човекот да не заврши во болница – рече Шакиќ, заклучувајќи дека кинеската вакцина е најефикасна против новиот вид.
Тој го наведе примерот на истражувањето од Словенија, кое покажало дека кинеската вакцина се покажала како најдобра. Шакиќ напомена дека вакцината не штити од сојот омикрон за да немате никакви симптоми, но ве штити да не завршите во болница и спречува поголеми компликации за пациентот.