Приказната за кавгата помеѓу Драган Бјелогрлиќ и Предраг Антонијевиќ се уште е во центарот на вниманието, а од ден на ден во јавноста протекуваат нови детали.
Продуцентот на филмот сега проговорил за се`, тврдејќи дека тајната на конфликтот лежи во 100.000 евра.
“Бјела и Гага никогаш не беа блиски пријатели. Се` започна кога Антонијевиќ беше член на комисијата на Филмскиот центар на Србија. Планот на Бјела беше да подели 100.000 евра кога неговиот филм ќе помине на конкурсот. Антонијевиќ одби. Експертите утврдија дека меилот бил испратен од адресата на Бјелогрлиќ, а целиот случај се уште е пред обвинителството “, изјави за Курир, Макса Шатовиќ, еден од продуцентите на „Дара од Јасеновац“.
Бјелогрлиќ вчера изјавил дека физички го нападнал режисерот на филмот „Дара од Јасеновац“, бидејќи Антонијевиќ го испровоцирал.
Од друга страна, Антонијевиќ рече дека Бјелогрлиќ го нападнал затоа што го обвинил за корупција, но му пречел и филмот „Дара од Јасеновац“, за кој сметал дека воопшто не требало да биде снимен. Тој додаде дека додека го тепал, Бјелогрлиќ повторил „Је * ала те Дара од Јасеновац“.
Српските медиуми велат дека во моментот на нападот со Бјелогрлиќ, таму била српската актерка Катарина Радивојевиќ, која на локалната публика и е позната по улогата во серијата „Најдобри години“.
Антонијевиќ рече дека прво се обидела да ја смири ситуацијата кога избувнал конфликтот, но подоцна наводно му викала дека ќе го убие.
Инаку, Бјелогрлиќ вчера беше пуштен да се брани од слобода, а на актерот му се заканува затвор од шест месеци до пет години за насилно однесување. Антонијевиќ најавил и приватна тужба.