Српскиот пејач Милош Стевановиќ (39) од Крагуевац, со нож избодел двајца членови на својот бенд, откако претходно имале силна караница. Тепачката се случила викендов, во близина на ресторанот „Регент“, а очевидци за српските медиуми велат дека досега не виделе толку крвави и страшни сцени.
„Најлошо од се е што се загрозени два млади животи. По расправија што била меѓу неколку лица пред овој познат угостителски објект, избила крвавата пресметка. Осомничениот во моментот на нападот бил во алкохолизирана состојба, а нападот се случил пред објектот во кој настапувал со својот бенд. Прво внатре се искарал со колегите, а потоа излегол надвор и ги нападнал откако го зел ножот од својот автомобил“, пишува Нова.рс.
Српските медиуми велат и дека пејачот бил главниот виновник за овој настан и од засега непознати причини им нанел тешки телесни повреди на две лица кои сè уште се во животна опасност.
Според неофицијални информации од УКЦ Крагуевац, на едно лице му е изваден бубрегот и за сега не се знае дали ќе успеат да преживеат од повредите кои им ги задал пејачот.