Српскиот астролог, Душан Величковиќ, ги толкуваше претстојните аспекти што ги откриваат ѕвездите.
Тој наведува дека ретроградниот Меркур кој почнува на 10 мај и трае до крајот на овој месец особено ќе ги погоди Водолиите, Биковите, Близнаците, Овенот и Рибите, но дека дополнително секој треба да води сметка што потпишува и како реагираат.
Спојот на Марс и Нептун ќе се случи на небото на 18 мај, а астрологот Величковиќ истакнува дека се плаши од некоја употреба на биохемиско оружје.
-Се плашам дека некаде ќе биде фрлено некое хемиско оружје. Планетарно е. На личен план, можно е труење со алкохол или храна, дури и лековите може да имаат контраиндикации – вели Величковиќ.
Важен датум е 21 мај, денот на спојувањето на Сонцето и Меркур.
-Сонцето ги претставува владетелите, претседателите на државите, а кога ќе се сретнат не треба да се верува на нивните закани. Тие треба да си ја завршат работата. Сè што има врска со Сонцето има врска со владетели. Сè ќе пукне како балон за дваесетина дена – вели Величковиќ.
Тој вели дека Марс во врска со Јупитер, кој доаѓа на крајот на мај, е фантастичен аспект.
-Јупитер е најголемиот добротвор, се што е добро ни доаѓа од него. Јупитер е закон и правда и тогаш има шанса да се направи примирје. Тоа е фантастичен аспект – вели Величковиќ.
Со оглед на тоа дека Јупитер кон крајот на мај влегува во знакот Овен, Величковиќ оценува дека тоа е одличен период за нови почетоци.
-На Јупитер му требаат дванаесет години за да заобиколи цел круг, ова сега е почеток на циклус кој ќе трае дванаесет години. Во секој случај, тоа претставува нешто ново и почеток, а можно е да дојде до пад на енергијата кога е војната во прашање – вели Величковиќ.