Српскиот претседател Александар Вучиќ требаше да претстави серија економски мерки за претприемачи и вработени во борбата против последиците од епидемијата на вирусот корона, меѓутоа, според министерот за финансии Синиша Мали, тој не бил во можност да присуствува од здравствени причини.
– Знаете дека претседателот Вучиќ требаше да ви ги претстави овие мерки денес. Сепак, тој не се чувствува добро и јас се извинувам во негово име што не е денес тука – кратко изјави министерот за финансии.
Наводно, во прашање бил замор и стрес околу целата состајба предизвикана од епидемијата на коронавирусот. Инаку, минатата година Вучиќ беше примен на ВМА поради висок притисок.