Тагата за трагичната смрт во масакрот што се случи во средата во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ се уште не стивнува. Момче (13) пукаше и уби осум ученици и еден обезбедувач, додека рани уште шест деца и една наставничка.
Ќерката на познатиот српски одбојкарски тренер Драган Кобиљски, исто така, беше убиена во масакрот.
Е.К се обидеа да го спречи момчето кое пукаше, па застана пред него со надеж дека ќе може да го спречи да пука, но не успеа.
Драган Кобиљски таткото на убиеното девојче на својот Фејсбук профил напиша:
“Почитувани, ја цениме вашата желба да земете од таква трагедија барем порака за посветување на луѓето и општеството да се вратат на вистинските вредности и да застанат на патот на злото околу нас. Ние сме скромни луѓе кои само сакаме да ја премолчиме нашата болка. Ниту го сакаме, ниту се согласуваме со споменувањето на нашето дете повеќе од другите трагично загинати и тешко повредени деца, бидејќи сите тие се убави суштества, а родителската, братската и сестринската болка е иста во сите ужалени семејства“, напиша Кобиљски.